Продолжуваме со грижата и помошта на граѓаните, бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро, рече Заев
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во екот на изборната кампања, денеска
беше во посета на Општина Куманово, каде ја презентираше изборна кампања
„Уште повеќе, уште подобро“ и како што рече тој, СДСМ продолжува со
грижата и помошта на граѓаните, за што сведочат и претходните три години
од нивното посветено работење.