Мени

Започна санацијата на „Искрин мост“ во Куманово

Започна санацијата на „Искрин мост“ во Куманово

Започната е санацијата на т.н „Искрин мост“ на реката Пчиња, на магистралниот пат Куманово-Свети Николе, кој се смета за еден од најдолгите мостови во државата, со должина од 355.50 м.  Во моментот се работи на санација на столбовите, а приспапот до него е преку селото Шупљи Камен.

Почнува исплатата на јулските пензии

Почнува исплатата на јулските пензии

 Исплатата на пензии за месец јули почнува од вторник, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме четврти месец по ред, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Германска донација за Кумановската болница

Германска донација за Кумановската болница

  Германската амбасада во Македонија ќе донира 152.000 евра, на Општата болница Куманово, Клиничка болница Штип, Здравствен дом Гостивар и Општа болница Прилеп, заради поуспешно справување со пандемијата од ковид 19. Договорите за донацијата ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн.

На железничкиот мост кај „Перо Чичо“ не се работи, а посебниот сообраќаен режим се` уште трае

На железничкиот мост кај „Перо Чичо“ не се работи, а посебниот сообраќаен режим се` уште трае

Посебниот режим на сообраќај на улицата „Ѓорче Петров“  на влезот во населбата „Перо Чичо“ се` уште трае и се одвива на една коловозна лента, иако реконструкцијата на железничкиот мост е прекината повеќе од еден месец, откако германската фирма „Вибе“ ја повлече својата механизација и ги запре градежни активности на изградба и реконструкција на железничката пруга Куманово   -  Бељаковце.