Започна уписот на ученици во средните училишта во Куманово Денеска, започна уписот во четирите средни училишта во Куманово, согласно критериумите утврдени во Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување на ученици во прва година средно.
Во Куманово тројца новозаболени и 8 оздравени, во Липково двајца новозаболени, еден починат и 15 оздравени Во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се петмина новозаболени од коронавирус.
Две здруженија од Куманово ќе добијат 23 илјади евра од Владата зa справување со коронавирусот Две здруженија од Куманово се меѓу 40 добитници на финансиски средства од Владата наменети за поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.
Јелена Тасовска, првенец на генерација во „Перо Наков“: Секој матурант треба да верува во своите соништа Јелена Тасовска е првенец на генерација за учебната 2019/20 година во економското училиште „Перо Наков“, смерот економски техничар.
Избори на 15 јули, изборната кампaња почнува на 24 јуни Најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, а изборната кампања ќе започне на 24 јуни.
Лицата што треба да одат во самоизолација ќе се објавуваат јавно, најави Филипче Здравствените власти размислуваат да ги објават јавно имињата на оние кои одбиваат да примат решенија за самоизолација, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
15-годишник со автомобил удрил во бетонска жардиниера на „Октомвриска“- двајца повредени Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, кога малолетник управувајќи автомобил излетал од коловозот и удрил во жардиниера, а потоа и во деловен објект.
Кумановец се обидел да изврши полов напад врз дете во влез на зграда СВР Куманово поднесе кривична пријава против триесет и едногодишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Петмина новозаболени од коронавирус во Куманово, еден новозаболен и еден починат во Липково Во Центарот за јавно здравје Куманово во последото деноноќие регистрирани се шестмина новозаболени од коронавирус. Петмина се во Куманово, а едно лице е од Липковско. Починатото е и едно лице од Липково.
Казнети 89 лица кои за викенд не носеле заштитна маска Според податоците на СВР Куманово, казнети се 89 лица кои не носеле заштитна маска, за време на викенд.
Луција Петровска ученик на генерација во „Крсте Мисирков“ Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, денеска го прогласи првенецот на генерацијата и најдобрите просветни работници во училиштето, за учебната 2019/2020 година.
Димитриевски ќе поднесе преставка до внатрешна контрола на МВР Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска ќе поднесе Известување со барање за постапување до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во Скопје, соопштуваат од Општина Куманово.
Акција за собирање стакло на Пакомак: Заменете ја стаклената амбалажа за семе за цвеќe Доаѓа летото, а тоа е сигнал дека е време да ги „засукате ракавите“ и да го исфрлите непотребниот отпад кој ви зафаќа простор во домот, подрумот или гаражата. Доколку во вашиот дом имате големо количество стаклен амбалажен отпад од тегли и шишиња, а сте оневозможени да го одложите во некој од соодветните зелени контејнери, тогаш Пакомак ќе дојде да го собере директно од вашиот дом!
Без вода потрошувачите на неколку улици во градот Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат потрошувачите на неколку улици во градот.
Тројца новозаболени од КОВИД-19 во Куманово, 162 во земјата Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на КОВИД-19 во земјата.
Проверете дели сте на листата за добивање на ваучер за туризам Денеска се пушта во употреба платформата „Дома си е дома“ со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам.