Мени

Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.

Спасовски, Османи, Филипче и Адеми одат во самоизолација

Спасовски, Османи, Филипче и Адеми одат во самоизолација

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово,  премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.

Нема заболени од коронавирус меѓу здравствените работници кои денес беа тестирани

Нема заболени од коронавирус меѓу здравствените работници кои денес беа тестирани

 Нема новозаболени здравствени работници од КОВИД -19, покажале резултатите од тестирањето коешто денеска е спроведено на 210 вработени во Кумановската болница, соопшти попладнево министерот Венко Филипче по работна посета на Општата болница Куманово.

Не сум приврзаник за најстроги блокади, но ќе направиме се` за здравјето на граѓаните, кажа Спасовски

Не сум приврзаник за најстроги блокади, но ќе направиме се` за здравјето на граѓаните, кажа Спасовски

 Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, како претставници од Комисијата за заразни болести, денеска присуствуваа на состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, по барањета да се водеде 24-часовен 14-дневен карантин во Општина Куманово, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Нема потреба од карантин и дополнителни мерки во Куманово, кажа Филипче

Нема потреба од карантин и дополнителни мерки во Куманово, кажа Филипче

Mинистерот за здравство Венко Филипче смета дека нема потреба да се воведе карантин и да се прогласи кризна состојба во Куманово, како што предлага градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот кризен штаб, затоа што мерките коишто се на ниво на државата се доволни, а  новозаболените пациенти имале контакт со веќе заболени лица.