Филипче: Сега е исклучително важно да се почитуваат сите мерки Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сме во фаза во која се воведени најрестриктивните мерки за движењето и најважно е тие мерки да се почитуваат за да дадат резултати.
Парични казни за десетмина кумановци кои не го почитувале полицискиот час Основиот суд Куманово, вчера донесе десет пресуди, со кои десет лица се огласени за виновни за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари.
Привремено да се затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, бара Општинскиот штаб Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од Министерството за здравство привремено да го затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, откако денеска се регистрирани нови позитивни случаи на коронавирус меѓу здравствените работници на ова одделение.
Во Куманово 13 новозаболени од коронавирус, меѓу нив акушерки и медицински сестри Медицински сестри и акушерки од Општата болница Куманово, се меѓу 13 новозаболени од коронавирус во Куманово.
80 здравствени работници од Кумановската болница се во самоизолација Oд 700 вработени во Општата болницата Куманово 80 се во самоизолација, информираше министерот за здравство Венко Филипче, пред два дена откако ја посети оваа здравствена установа.
Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП).
Пожар во стан во зграда на Трета МУБ Се запали стан во поткровје од зграда на улицата Трета МУБ бр. 124 во Куманово, во близина на раскрсницата со Октомвриска револуција. Во моментот екипи на противпожарната единица се на терен и го гаснат огнот.
Почина 27- годишната родилка од Куманово Почина 27-годишната родилка позитивна на КОВИД-19 од Куманово, објави Министерството за здравство.
Еден починат и двајца новозаразени од коронавирус во Куманово Двајца новозаболени и еден починат од вирусот КОВИД-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.
Правила за движење на земјоделците во време на полициски час Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата, а којашто стапува во сила од денеска (среда 08.04.2020).
Кумановци изработија 1000 визири за здравствените работници во регионот Над 1.000 визири доби медицинскиот персонал во регионот од група ентузијасти од Куманово.
Ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Куманово Акција за уништување на ларви од комарци, односно ларвицидна дезинсекција на местата каде има застоени води, утре ќе се врши во Општина Куманово.
Алфи ќе донира маски, перници и јоргани на болницата Компанијата Алфи од Куманово, ќе донира 2500 заштитни маски, 100 перници и 100 јоргани на Општата болница Куманово.
Кумановските пчелари донираа мед и прополис на здравствените работници и заболените од коронавирус Вработените и пациентите во Кумановската болница денеска добија донација од 120 килограми мед и 30 кутии прополис, од пчеларите на здружението „Пчела“, по повод Светскиот ден на здравствените работници 7 Април.
Се влошува состојбата на родилката од Куманово Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на КОВИД-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Војската ќе воведува ред пред банките во Куманово Војска од утре ќе помага да се воспостави ред пред банките во Куманово, откако денеска владееше вистински хаос при исплатата на социјалната помош.