Нови 9 заболени од коронавирус во Куманово Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава.
Oд среда задолжително носење на маски во Куманово Од среда, жителите на Куманово, Прилеп и Тетово не смеат да излезат од дома без да носат маска, беше одлучено на денешната владина седница како мерка за спречување на понатамошно внесување и ширење на коронавирусот. Од Владата препорачуваат и граѓаните низ целава земја да го ограничат излегувањето од дома и само по еден член од семејството да оди во маркет или аптека.
Нови 9 случаи на коронавирус во Куманово Во Куманово во изминатото деноноќие потврдени се нови 9 случаи заболени од вирусот КОВИД-19. Вкупната бројка на позитивни се изкачи на 320.
ЗНМ: Новинарите во Куманово беа изложени на здравствен ризик ЗНМ упати критика до организаторите на последната прес- конференција во Куманово, со која новинарите се изложија на ризик да се заразат од вирусот КОВИД-19.
Седум заболени од коронавирус од Кумановската болница префрени на Инфективната клиника во Скопје Седум пациенти заболени од коронавирус кои се лекуваа на Инфективното одделение во Кумановската болница денеска се префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Димитриевски: Во ниеден момент не загрозив нечие здравје Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска се огласи на Фејсбук, по информациите како што вели, дека наводно тој и членовите на општинскиот штаб биле неодговорни кон заедницата.
Казна од 500 до 2.000 евра за маркетите кои нема да обезбедат редарска служба Владата донесе уредба со законска сила со која се задолжуваат сите маркети да ангажираат редарска служба на влезот и во внатрешноста на објектот за се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.
Еден починат и четворица новозаболени од коронавирус во Куманово Кумановска на 85-годишна вораст ја изгуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат од Министерството за здравство.
Општина Куманово за 2000 денари ја намали фирмарината за оваа година Советот на Општина Куманово донесе одлука донесе за намалување на фирмарината за оваа година од 6.000 на 4.000 денари. Ова е една од мерките кои локалната власт ги презема за помош на стопанството погодено од пандемијата на КОВИД-19.
Тројца заразени од коронавирус во Домот за стари лица во Куманово Две вработени е едно повозрасно лице сместено во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, се заразени со коронавирус. Информацијата на Фејсбук ја споделија од установата.
Јавните претпријатија се управувани од луѓе со несоодветно формално образование Како доставувачи на низа основни услуги на граѓаните, јавните претпријатија со нивната работа директно влијаат врз вкупниот квалитет на живеењето и развојот на заедницата.
Кумановка позитивна на коронавирус се породила на скопска гинекологија Пациентка од Куманово за која резултатот од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирус, пред три дена се породила на Киниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, соопштија од Клиниката.
Нови 107 позитивни на КОВИД-19 во земјава, 44 во Куманово Во изминатите 24 часа потврдени се 107 нови случаи на КОВИД-19 во земјата, од кои 44 во Куманово, информира Министерството за здравство.
10 членови на кризниот штаб и 21 здравствен работник се меѓу 43 новозаболени од коронавирус во Куманово Нови 43 случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во изнинатото деноноќие во Куманово, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.
Спасовски, Османи, Филипче и Адеми одат во самоизолација По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.