Мени

Владата ја донесе Уредбата за минимална плата од 14.500 денари за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори...

Владата ја донесе Уредбата за минимална плата од 14.500 денари за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори...

Владата ја донесе уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Гинеколошко-акушерското одделение со посебен режим на работа, пациентките ќе се праќаат на скопските клиники

Гинеколошко-акушерското одделение со посебен режим на работа, пациентките ќе се праќаат на скопските клиники

Поради зголемениот број здравствени работници позитивни на коронавирус, гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница ќе работи под посебен режим, а пациенките и трудниците од Куманово ќе се лекуваат и пораѓаат на скопските клиники.

Кривична пријава за објавување на списоците со имиња на кумановци заболени од коронавирус

Кривична пријава за објавување на списоците со имиња на кумановци заболени од коронавирус

 Агенцијата за заштита на личните податоци до Основното јавното обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за кривично дело злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот законик.

Граѓаните да ги почитуваат мерките за да запре ширењето на вирусот, апелира Спасовски

Граѓаните да ги почитуваат мерките за да запре ширењето на вирусот, апелира Спасовски

Ги повикувам граѓаните на Куманово, како и во другите градови на земјата, да прифатат дека сега е најважно да ги почитуваме мерките. Бидете уверени дека ако го правиме тоа, со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата, порача премиерот Оливер Спасовски.

Парични казни за десетмина кумановци кои не го почитувале полицискиот час

Парични казни за десетмина кумановци кои не го почитувале полицискиот час

 Основиот суд Куманово, вчера донесе десет пресуди, со кои десет лица се огласени за виновни за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500,00 денари.

Привремено да се затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

Привремено да се затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од Министерството за здравство привремено да го затвори гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, откако денеска се регистрирани нови позитивни случаи на коронавирус меѓу здравствените работници на ова одделение.