Димитриевски ја прекршил самоизолацијата, ќе се соочи со казна од 300 до 600 евра
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се соочи
со казната е од 300 до 600 евра во денарска противредност, затоа што го
прекршил Законот за заштита на население, односно ја прекршил
самоизолацијата и го напуштил местото на живеење, иако имал решение за
домашно лекување, кажа директорката на Државниот санитарен и здравствен
инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова-Бухова.