Мени

Автомобил удрил во шестгодишно девојче

31.07.2020 11:34 | KumanovoNews

Шестгодишно девојче е удрено од автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Автомобил удрил во шестгодишно девојче

Несреќата се случила вчера во 10.20 часот,  кога патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско.

По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.