Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус, вкупно 85 во земјата Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, - информираат од Министерството за здравство.
Затворени добиточниот пазар и бувљакот, зелените пазари работат со скратено работно време Забранета е работата на добиточниот пазар и пазарот за стари работи во селото Долно Којнаре.
Вонредна седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово денеска во 14 часот ќе одржи вонредна седница, на која ќе се расправа по една точка за одвојување на средства од буџетот на Општината за спроведување на мерките за справување со коронавирусот.
Сите што не ја почитуваат самоизолацијата ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, одлучи Владата Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација, поради коронавирусот ќе бидат спроведени во државен карантин и против нив ќе биде поведена соодветна постапка, а трошоците за време на престојот ќе бидат на нивни товар, одлучи Владата на синоќешната седница.
Се дезинфицираат јавните површини во Куманово Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, интензивно работат на дезинфекција на јавните површини во градот, каде фреквенцијата на луѓе е поголема и постои опасност од пренесување на корона вирусот.
Кумановскиот суд казни три лица по 121 илјада денари затоа што не седеле во самоизолација Основен суд Куманово ги прогласи за виновни и им изрече парична казна во вредност од по 121.230 денари, на тројца кумановци, кои ја прекршиле мерката за самоизолација и сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Тројца новозаболени, вкупно 70 позитивни на коронавирус Уште три нови позитивни случаи на корона вирус се поврдени, со што вкупниот број на заразени со коранавирусот е 70.
Таксистите и возачите во јавниот превоз да носат заштитна опрема, граѓаните да не собираат пред маркетите и на бензинските пумпи Денеска, во Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на вирусот COVID-19, каде беше донесена одлука градскиот превоз да се редуцира, а при вршење на дејноста да се носи заштитна опрема.
Храна има доволно, нема простор за паника, порача министерот за земјоделие Храна има, нема простор за паника, субвенциите ќе бидат исплатени, а земјоделците можат да продолжат со работа, рече министерот за земојделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Препораки за правилна домашна самоизолација Министерот за здравство Венко Филипче објави преораки за правилна самоизолација, со цел да се спречи ширењето на кронавирусот.
Кривични за кумановци, едниот не бил во самоизолација, другиот не го затворил угостителскиот објект Против две лица од Куманово поднесени се кривични пријави затоа што не ги почитувале владините мерките за ширење на коронавирусот.
Уште 19 лица позитивни на коронавирус, вкупниот број 67 По направените тестирања, во рамките на скринингот, позитивни на коронавирус се уште 19 лица.
6 нови случаи на коронавирус, вкупниот број 48 Шест новозаболени лица од коронавирус се регистрирани денеска и вкупниот број сега изнесува 48, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Црвен крст отвора телефонска линија за психолошка поддршка на граѓаните Црвен крст од утре отвора телефонска линија за психосоцијална поддршка на граѓаните на Куманово и соседните општини.
По 2000 евра казна за кумановците кои не седеа во самоизолација Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози на две лица од Куманово, кои се товари дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Вонредната состојба не ги органичува правата и слободите на граѓаните, рече Спасовски Вонредната состојба не значи дека ќе замре животот на граѓаните, сите функции на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови, а правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам, рече на денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.