МПС се заблагодари за исплатата на бонус плата во МВР Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги известува своите членови, вработени во МВР, дека денеска околу 5000 полицајци, кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден, ќе добијат бонус плата за 2019 година.
Кумановскиот музеј го посетуваат само ученици, граѓаните незаинтересирани Наместо родителите да ги носат своите деца да ги запознаат со културното наследство на градот, се случува децата да ги носат родителите за да им покажат некој интересен предмет што го виделе додека биле од училиште. Повеќе има странски од домашни повозрасни посетители, велат од музејот
Триесет странски осуденици штрајкуваат со глад во затворот К`шање, незадоволни од условите Триесет странски државјани, осудени за различни кривични дела, еден ден штрајкуваа со глад во затворот К`шање во Куманово, незадоволни од условите.
Кумановските пожарникари лани се справувале со рекорден број пожари Територијалната противпожарна единица во Куманово минатата година имала 617 интервенции или во просек, 1,7 на ден.
Пролетни акции за чистење во приградските населби ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, започна со пролетни акции за чистење на сметот во приградските населби и селата.
Отворен повик за учество во „Сликите од регионот“ Фото клуб Куманово, објави конкурс за фотографија, во рамките на проектот „Сликите од регионот“, преку кој ќе се рашират и разменат културни вредности од државите кои учествуваат во проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Објавен јавниот повик за млади земјоделци, годинава финансиска поддршка е зголемена на 20.000 евра Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“.
Од денеска пониска цена на горивата Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.
„Телефонот на мртовецот“ претстава за животот и смртта, во Кумановскиот театар Преставата „Телефонот на мртовецот“ во саботата за прват пат беше изведана пред кумановската публика во Театар Куманово.
Изгоре автомобил во населбата Карпош Автомобил Цитроен Ц3 изгоре ноќеска во населбата Карпош на улица 210, во близина на поранешниот салон на Нама.
Триесет и осма седница на Советот на Општина Куманово Советниците утре ќе одржат редовна седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред се 28 точки: годишни извештаи за минатата и програми за работа за оваа година на јавни претпријатија и институции, утврдување на вредноста на бодот за плати на две институции и др.
МВР со детали за вчерашната несреќа- Детето се качило на кровот на „Житомел“ да се фотографира Момчето кое вчера падна од пети кат на поранешната фабрика „Житомел“, таму заминало со своите другари за да се фотографира, соопштува полицијата.
Момче паднало од напуштената зграда на поранешен „Житомел“ Петнаесетгодишно момче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди и пренесено е на лекување на клиниката „Мајка Тереза„ во Скопје, откако паднало од напуштента зграда на поранешната фабрика „Житомел“ во Куманово.
Со 225.000 евра европски пари ќе се реконструира поранешниот хотел „Солун“ во Куманово Зградата во којашто се наоѓал хотел „Солун“ или сегашниот Клуб на ветерани во Куманово, кој е дел од културното наследство на Општината, ќе се обновува со средства обезбедни преку проектот „Заедничка историја и култура, мост преку границите“.
Без струја пет села од Старо Нагоричане Денеска без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите на пет села села во Општина Старо Нагоричане.