Знамињата на половина копје - Ден на жалост во Куманово Во Куманово денеска е Ден на жалост, поради трагедијата во Романовце, кога од експолизја на плинска боца загинаа четири лица, а уште шест се во тешка здравствена состојба и се борат за живот на Скопските клиники.
Тестирањата на сомнителни случаи од корона вирус ќе се вршат и на Инфективнoто одделение во Куманово Од Министерството за здравство соопштуваат дека во земјата има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот, а доколку се јави потреба за превенција од истиот, Инфективниот центар во Штип ќе функционира како објект за изолација, а тестирањата на сомнителните случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и Куманово.
Со воена свеченост ќе се одбележи Денот на првиот пешадиски баталјон Во касарната „Боро Менков“- Куманово, утре во 12 часот, со воена свеченост припадниците од Првиот пешадиски баталјон ќе го одбележат Денот на единицата 26 февруари.
Ден на жалост во Куманово, поради трагедијата во Романовце Советот на Општина Куманово, денеска на вонредна седница донесе одлука вторник да биде прогласен за Ден на жалост, поради трагедијата која го снајде семејствата Алими и Сакипи во селото Романовце. Во несреќата загинаа три деца и еден повозрасен член на семјствотот, а уште 6 лица се борат за живот.
Нови цени на горивата од полноќ Регулаторната комисија за енергетика, одлучи од ноќеска бензините да поскапат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар.
Центарот за култура ги откажа културните настани за утре Поради прогласување на Ден на жалост во Општина Куманово, утре ќе бидат откажани сите културни, забавни и спортски манифестации.
Критична состојбата на повредените од Романовце Здравствената состојба на повредените во вчерашната експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, тврдат лекарите.
Возило удрило во пешак во Старо Нагоричане Пешак е прегазен на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во селото Старо Нагоричане на место викано „Попчевци“.
Утре ден на жалост во Куманово - вонредна седница на Советот Советот на Општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашната трaгедија во село Романовце, кога од експлозија на плинска боца загинаа 4 лица. Седницата е закажана за во 13 часот.
Четврта жртва од несреќата во Романовце, почина 58-годишен маж На Клиниката за неврохирургија во Скопје, синоќа починал и четвртиот тешко повреден во експлозијата во кумановското село Романовце.
Сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце изразија првите луѓе на државата и општината Изрази на сочувство до семејството на загинатите деца во Романовце и жалење поради големата трагедија изразија првите луѓе на државата и општината.
Три деца загинаа, четворица се борат за живот по несреќата во Романовце Три деца од две сестри загинале утринава при експолозија на плинска боца, во куќата на семејството Алими, во кумановското село Романовце.
Тројца загинаа, шестмина повредени од експлозија на плинска боца во Романовце Три деца го загубиле животот, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце.
Во Ваксинце откриени 43 мигранти од Бангладеш, уапсен камионџијата што ги превезувал Во близина на бензинска пумпа на автопат Табановце- Куманово, синоќа околу 21.40 полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје, кој управувал товарно моторно возило „Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.
Дејан Ѓорѓиевски:„На патот“ е проект кој ни покажува каде да се движиме за да ги сочуваме природните убавини на регионот Сакавме да воспоставиме локација за творештво на младите уметници, налик на МКЦ од Скопје и да покажеме дека тие можат да создаваат дела кои на некој начин ќе бидат корисни и интересни за сите, вели Дејан Ѓорѓиевски, претседателот на здружението за рурален развој од Куманово „ЛАГ АБЕР 2015“, кое од неодамна го заврши прокетот „На патот“.
Кумановци се степале на бензинска пумпа Двајца кумановци се степале утринава на бензинска пумпа на автопатот Куманово - Табановце.