Намалена видливост на патиштата од Куманово кон Крива Паланка и Свети Николе Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци на патниот правец Куманово – Крива Паланка од 50 до 80 метри, и на патниот правец Св. Николе – Куманово до 50 метри, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри и Велес – Катланово и Кочани – Берово од 50 до 100 метри.
„Медена земја“ со две номинации за Оскар Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Тинејџер се заканувал и барал пари на семејство во Страцин Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(18) од с.Страцин, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Одбележана 76 годишнината од битката на Пелинце Денескa се одбележаа 76 години од познатата битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски - Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи.
Притворен кумановец, му нашле 2,6 килограми марихуана Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ин Мемориам: Почина археологот Јовица Станковски По кратко боледување на 71 годишна возраст почина археологот Јовица Станковски, кој го пронајде локалитетот Кокино.
Малолетно девојче побегнало со 55 годишен маж, полицијата го пронашла и го вратила дома Тринесет годишно девојче од Куманово побегнало со 55 годишен маж од Крива Паланка, но истиот ден било пронајдено и вратено дома.
Тепачка пред кафе-бар во Куманово Ноќеска во еден часот по полноќ, Д.Н. пријавил дека пред кафе бар во Куманово физички било нападнато едно лице.
Кумановка повредена во сообраќајка кај Зајас Постара жена е повредена во сообраќајна незгода на магистралниот Гостивар-Кичево во непосредна близина за влезот во селото Зајас.
Ќе се потрудиме да го реконструираме патот кон Кокино, најави директорот Китанов Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, при последната посета на Општина Старо Нагоричане, вети дека ќе се направат напори во 2020 да се реконструира патот кон мегалитската опсерваторија Кокино, затоа што е од големо значење за развој на туризмот во кумановскиот регион и во државата.
Марко Врдољак од Хрватска ќе одржи предавање за фотографија во Куманово Во просториите на Фoто клуб Куманово, утре со почеток во 19:30 часот, предавање за фотографија ќе одржи Марко Врдољак од Хрватска.
Кумановец ги малтретирал родителите, заработи кривична Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Не е познато колку кумановци работат во базите во Ирак Нема точна бројка колку граѓани на Куманово се ангажирани преку американската компанија КБР за логистичка поддршка на американската војска во базите во Ирак.
Се создава нова дива депонија - градежен шут и отпад се фрла кај Живкова карпа Градежен шут, цигли, земја и бетонски плочи е само дел од отпадот што граѓаните го фрлаат во близина на м.в. Живкова карпа, над населбата Проевце.
Од ноќеска горивата поевтини за половина денар Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од ноќеска на полноќ за половина денар да поевтинат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.
Поголеми плати за вработените во здравството Лекарите, медицинските сестри, здравствените соработници, младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал од февруари ќе добијат зголемени плати, најави министерот за здравство Венко Филипче.