Преку проект за здрава животна средина ќе се менуваат навиките на жителите од Средорек, Бавчи и Бараки Еколошки акции и еко патроли се спроведуваат во трите ромските населби: Средорек, Бавчи и Бараки во Општина Куманово, со цел да се подигне свеста кај населeнието за одржување на чиста животна средина и да се подобрат условите за живот.
Опожарено возило на кумановската полиција Ноќеска во 2 часот по полноќ опожарено е возило на СВР Куманово, пред зградата на управните служби, поранешен дом на АРМ. Противпожарната единица интервенирала од 2 до 2.30 часот на гаснење на возилото.
Во Куманово поставени 8.000 електронски водомери со далечинско читање Јавното претпријатие „Водовод“ постави 8.000 електронски водомери со далечинско читање, во градското подрачје, a набави и инструменти (геокорелатори и геофонори) наменети за откривање на подземни дефекти.
Дејан Цветановски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“ Дејан Цветановски (32) од Куманово го фати светиот крст во фонтаната на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Празнувањето на Богојавление во кумановско Празникот Богојавление или Водици се празнува на 19 јануари, а се прославува во спомен на крштевањето на Исус Христос, во реката Јордан, од страна на Свети Јован Претеча.
Во куќа во Ваксинце држеле мигрант во заложништво Жител на липковското село Вакцинце, држал мигрант во заложништво и од него побарал пари за да го ослободи.
Светиот крст ќе се фрла во затворениот базен Пливачките клубови „Аква“, „Немо“, „Делфин“, „Тумба“ и „Тумба 2018”, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, утре (недела) организираат пливање по светиот крст во Затворениот градски базен.
Вдомени пет кученца во акцијата за згрижување на бездомни животни Во денешната акција што ја организираше Ветринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Секторот за инспекциски надзор од Општина Куманово и здруженија за грижа на животни, на Градскиот плоштад во Куманово, вдомени се пет од вкупно 10 кученца.
Започнува со работа лизгалиштето на мраз кај градските базени Од утре (18.01) од 16.00 часот ќе започне со работа монтажното лизгалиште пред затворениот градски базен.
Кумановец ја истепал сопругата Кумановската полиција поднесе кривични пријави против кумановец, затоа што физички ја нападнал сопругата.
Кумановец ја доби главната награда на НЛБ Банка Дејан Цветковски од Куманово, ја доби главната награда ексклузивен пакет аранжман за две лица во Кицбил, Австрија од наградната игра „Поинакво зимско доживување со Mastercard® haPPy во Кицбил, Австрија.
Слаѓана Ѓорѓиевска од ВМРО-ДПМНЕ нова советничка во Советот на Општина Куманово Слаѓана Ѓорѓиевска од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нова советничка во Советот на Општина Куманово, на местото на Емилија Трајковска, која стана пратеник во македонското Собрание.
Ги измамил да испратат пари по такси во Куманово, па исчезнал Сопственици на такси компанија и угостителски објект од Кавадарци наседнале на ветување на измамник дека ќе ги користи услугите на нивните фирми и ги оштетил за 25.600 денари.
Новите метларки ќе се користат и за чистење снег Трите метларки, коишто ЈП "Чистота и зеленило" од Куманово, ги доби од Центарот за развој на североисточниот плански регион, освен што ќе бидат наменети за одржување на хигиената на улиците, ќе се користат и за чистење на снег.
Антон Витковски прв човек на СВР Куманово? Антон Витковски, поранешен командир на Полициска станица од општа надлежност во Куманово, најверојатно ќе биде новиот началник на СВР Куманово. Тој ќе биде назначен на предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев.
Наставниците ноќе го полнат е-дневникот – дење системот паѓа и податоците се губат Учениците се на зимски распуст, но наставниците овие денови, или поточно ноќи, ги користат за си ги исполнат административните обврски со пополнување податоци во електронскиот дневник.