Коледарите го прославија Бадник на Тумба Со оро и грејана ракија, членовите на Здружението на граѓани - чувари на традицијата “Коледари“, денеска на Градскиот плоштад го прославија Бадник.
Димитриевски: Среќни сме што имаме заедничка прослава на Бадник Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, домаќин на прославата на Бадник, која што ја организира Здружението Коледари, смета дека граѓаните на Куманово се среќни што можат да уживаат во заедничко прославување на големиот христијански празник.
Спасовски: Каде и да си за Бадник и Божиќ дома да си Премиерот на техничката влада Оливер Спасовски, Бадник го прослави со своите сограѓани во Куманово.
Делови од Куманово синоќа останаа без струја од силниот ветер Делови од Куманово синоќа останаа без струја поради силниот ветер, при што од скршени дрвја и гранки се скинале каблите.
Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово - Свети Николе Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Куманово - Св.Николе.
Петмина кумановци добија награди од „Мој ДДВ-Моја награда“ Во наградната игра на Министерството за финансии „Мој ДДВ-Моја награда“ петмина кумановци освоија награди од дневното извлекување.
Кумановските бајкери кумови на годинешнава прослава на Бадник Здружението на граѓани „Коледари“ и оваа година по 21. пат традиционално ќе ја организира прославата на Бадник, со која ќе се најави Христовото раѓање. Годинава кумови на Бадник ќе бидат членовите на мото-клубот „Мечки“.
Оливер Спасовски на чело на преодната Влада Собранието со 101 глас „за“ ја изгласа техничката влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 12 април. Преодната влада ќе ја предводи Оливер Спасовски, кој откако премиерот Зоран Заев си поднесе оставка, попладнево го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски да ја формира новата влада.
СДСМ организира прослава за Бадник Општинската организација на СДСМ Куманово и годинава организира прослава за големиот христијански празник Бадник.
Социјална пензија добиле 218 кумановци На територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричени, 218 лица оствариле право на социјална помош.
Кривична пријава за продавање петарди Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи.
Во февруари повратот на ДДВ за второто тромесечје Во февруари ќе се исплати повратот од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки за второто тримесечје.
Кумановец вршел превоз на дрва без лиценца Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.К.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Тешко повреден сопатник при судир на две возила на „Октомвриска“ Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода на булеврот „Октомвриска револуција“.
Во Куманово првото бебе женско Женско е првото беше што се роди во 2020 година на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Новогодишна честитка од градоначалникот Димитриевски Градоначалникот Максим Димитриевски, упати новогодишна честитка до сите граѓани на Општина Куманово.