Француската амбасада обезбеди донација за уредување на Кокино Здружението на граѓани „ЛАГ АБЕР 2015“ од Старо Нагоричане, со финансиска поддршка на Амбасадата на Франција, ќе реализира проект за подобрување на визибилноста на локалитетот Кокино и негово прилагодување за потребите на туристите.
МВР со детали за вчерашната сообраќајка кај Романовце Четиригодишно дете од селото Матејче загина вчера во сообраќајната несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце.
Нова опрема во Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово, доби 54 фотељи како дел од Програмата за јакнење на локалната самоуправа на Швајцарската агенција за развој и соработка преку во проектот „Зајакнување на општинските совети“, која се реализира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Продолжение на 35-тата седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово, утре (понеделник) во 10 часот ќе ја продолжи 35-тата седница, откако во петокот беше прекината по долгата расправа по Информација за превземени мерки од страна на Општина Куманово за намалување на загадување на воздухот.
Дете загина при судир на две возила на патот кон Романовце Дете загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце, во близина на бензинската пумпа „Ликоил“, денеска околу 14 часот, при судир на две возила.
Момче од Куманово успешен спортист и фото модел во Германија Талентирано момче од Куманово, кое со своето семејството живее во Дортмунд, Германија, постигнува извонредни спортски резултати на локални и државни натпревари, а за неговите успеси пишуваат и германските весници.
Приведени двајца кумановци, нападнале тројца сограѓани Две лица се приведени во полицијата, откако против нив била поднесена пријава дека нападнале три момчиња.
Општина Куманово купи 6 автомобили вредни 128.000 евра Општина Куманово набави шест нови возила за потребите на јавната администрација, во вкупна вредност од 7.883.444,30 или околу 128.000 евра.
Поради магла намелена видливоста на патот Куманово-Страцин Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Куманово – Страцин, од 100 -150 метри, на планинскиот превој Стража и до 100 метри на планинските превои Ѓавато и Кула.
Цариник доби кривична пријава затоа што негови колеги примале мито Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.
Претставата „Хумана приказна“ во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре (сабота) во 20 часот ќе се одржи премиера на претставата “Хумана приказна”, во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит Медиа и во партнерство со Народниот правобранител.
Кривична пријава против кумановец за перење пари Кумановец доби кривична пријава поради сторено кривично дело „перење пари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Мал одзив на средношколците на протестот против загадувањето во Куманово Само дваесетина средношколци денеска протестираа пред Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, поради загаденоста на воздухот.
Куманово се приклучи на мрежата зелени градови Општина Куманово се приклучива на мрежата на зелените градови на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), откако вчера градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и Сузан Горансон, директорка за инфраструктура за Европа, потпишаа Меморандум за соработка.
Кумановските средношколци се организираат за протест против загадувањето Средношколците од Куманово се организираат утре (петок) да излезат на мирен протест, поради големото загадување на воздухот во градот.
Жител на Гошинце вршел превоз на огревно дрво без лиценца Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.О.(46) од с.Гошинце, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.