Мени

21 декември неработен ден за граѓаните од турската заедница

21 декември неработен ден за граѓаните од турската заедница

Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за празниците соопшти дека 21 Декември, односно Денот на наставата на турски јазик ќе биде неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница на Македонија.

Проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“ ги даде очекуваните резултати

Проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“ ги даде очекуваните резултати

Eдукација на компаниите за нови вештини и вмрежувањето со научно истражувачките институции, се резултатите од спроведување на проектот „Иновациски центар: Компаративна предност за поголема конкурентност“, кој во изминатите две години го спроведуваше Фондацијата за мали и средни претпријатија во Куманово.

Изложба на фотографии и постери „Она што го гледаме за последен пат“ во Куманово

Изложба на фотографии и постери „Она што го гледаме за последен пат“ во Куманово

  Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19.30 часот, ќе се реализира изложба - На маргините на скопскиот регион - сакрални објекти и рурална архитектура „Она што го гледаме за последен пат“ .

Се отстрануваат времените објекти на улицата „11 Октомври“

Се отстрануваат времените објекти на улицата „11 Октомври“

Општина Куманово денеска започна со отстранување на времени објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор за изградба на уличка која ќе го растерети метежот во центарот на градот.

„Жена од минатото“ ќе го отвори камерниот фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево

„Жена од минатото“ ќе го отвори камерниот фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ во Сараево

Претставата „Жена од минатото“ на Кумановскиот театар, утре вечер ќе го отвори Фестивалот за камерни претстави „Денови на Јурислав Корениќ“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

МВР апелира да не се употребуваат петарди, над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди

МВР апелира да не се употребуваат петарди, над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не користат петарди и ги известува дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.