БМВ со мигранти удрило во полициско возило Во СВР Куманово, ноќеска во 2 часот по полноќ било пријавено, дека на патот кон село Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило, по што возачот побегнал со колата.
Новиот мобилен оператор со префикс 074 - без обрзувачки договори и по најниски цени Новиот мобилен оператор во државата на Телекабел и Мултимедијанет од Куманово, со префикс 074, нуди најквалитетни услуги во мобилната и фиксна телефонија, без обврзувачки договор, со платен телефонски приклучок, бесплатен телефонски модем и разговори со висок квалитет.
Три пожари во Куманово, се запалиле плински боци и ќумур Три пожари гаснела Противпожарната единица во Куманово во текот на изминатото деноноќие на територијата на Општинаta.
Проект на учениците од „Крсте Мисирков“ доби грант од Фондот за иновации Фондот за иновации и технолошки развој денес во Владата потпиша договори за грантови со млади истражувачи од 34 основни и средни училишта во вториот повик „Предизвик за млади истражувачи“.
Субвенции за замена на печки на дрва со инвертери во Скопје, Тетово, Битола и Кичево Субвенции од државата ќе добијат граѓаните кои ќе одлучат да го промената начинот на затоплување на своите домови од печки на огревно дрво со инвертор клими.
УЈП на јавна аукција ќе ја продава запленетата роба Управата за јавни приходи на јавна аукција и комерцијална продажба ќе продава запленете раба од даночни обврзници.
На Табановце уапсен возач што превезувал 10 мигранти Полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје, поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.
Учете да ги пишувате и печатните и ракописните букви Откако ќе ја совладате целата македонска азбука, читањето ќе ви биде лесно како песна.
Без вода неколку улици и едно село Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат потрошувачите на неколку улици во градот и едно село.
Изложба на слики на кумановецот Арсовски во Књажевац Академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, ќе ги презентира своите слики пред публиката во Књажевац, Србија.
Кумановскиот театар на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица Со драмата "Недоразбирање" од Албер Ками, во режија на Драгана Таневска, актерите на Театар Куманово, утре ќе настапат на познатиот камерен фестивал "Ристо Шишков" во Струмица.
Нови цени на горивата, дизелот поскапe за половина денар Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, а за толку поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Продажен базар на уникатни предмети во витраж техника од проектот „Традиција низ слики“ Завршната манифестација - продажен базар, на проектот „Традиција низ слики“, кој го реализира Колото на српските сестри од Куманово, во соработка со партнерските здружениjа „Мајка“, „Сирма“ и „Виор“, ќе се одржи во четврток од 14 до 18 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Сонцето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија“ на катната гаража во Куманово Знамето од Кутлеш и транспарент „Жива е Македонија!!! 8.09.2019“ осамна на катната гаража во центарот на Куманово.
Нападнат сопственик на кумановска гостилница Ноќеска по полноќ четири лица нападнале сопственик на гостилница во Куманово.
Есенска дератизација во Општина Куманово Во среда, четврток и петок (од 11.09.2019 до 13.09.2019), ќе се изврши дератизација односно третирање против глувци на територија на Општина Куманово.