Стотина семејства добија пакети со храна на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата Стотина семејства од ранливите категории од Куманово, добија пакети со прехранбени производи, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.
Над 10.000 посетители на Денови на комедија во Куманово Фестивалот Денови на комедија оваа година, несомнено ги оправда очекувањата на публиката, при што на 12 претстави оваа година присустуваат над 10.000 посетители.
Ако не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план, порача Пендаровски Aко не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план во државата, бидејќи тоа го гарантираат институциите, - изјави претседателот Стево Пендаровски, по прославата на Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Вежбајте со најдобрата Збирка задачи по математика за 1 година Оваа збирка е создадена од тим кој на времето бил број еден во државава, а потврда за тоа е и нејзината долгогодишна употреба и интерес кој трае до ден денеска.
Изложба на слики од Струмичката ликовна колонија Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 56-тата Интернационална струмичка ликовна колонија.
Пендаровски и Шекеринска на свеченоста на ЗОК во касарната „Боро Менков“ Претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска ќе присуствуваат на свеченоста по повод Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Мисајловски: Три децении во Куманово нема капитален проект со кој можат да се пофалат Тргнавме во еден нов бран, со една нова енергија да ги слушнеме граѓаните, да ни предложат нови проекти и да ни кажат со кои проблеми најмногу се соочуваат. Они што заслужуваат ќе ги ставиме во новата програма за наредните парламентарни избори, кои се надеваме дека многу брзо ќе се случат, - изјави потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Владо Мисајловски, попладнево на средба со граѓаните во општинскиот комитет во Куманово.
Вистинска приказна за кумановските Ромео и Јулија- драмата „Бегалка“ Вистинската љубовна драма што го инспирирала писателот Васил Иљоски да го напише делото “Бегалка” се случила во дваесетите години на минатиот век, но со задоволство се прераскажува и денеска, за големата и несекојдневна љубов, што ги победила сите тогашни предрасуди и препреки на чорбаџиското и сиромашното семејство.
Момче објавувало компромитирачки фотографии на малолетничка на Фејсбук СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
23 октомври неработен за сите граѓани Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври (среда), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Советот изгласа Куманово да се збратими со Нови Сад Општина Куманово да се збратими со Градот Нови Сад, Република Србија, одлучија советниците на денешната седница.
Угостителските објекти со продолжено работно време три дена пред 11 Ноември Предлогот на Општина Куманово за угостителските објекти да работат со продолжено работно време за време на време на прославата на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, едногласно беше прифатен од советниците на денешната седница на Советот.
Литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, распишува литературен конкурс на тема „Град по ваша мерка“, за учениците од основните училишта, кој започнува од денес, а ќе трае до 01.11.2019 година.
Баба ги принудувала внуците да питачат Кумановската полиција поднесе кривична пријава против кумановска, која ги принудувала своите малолетни внуци да питачат по кумановските улици.
Синови ограбиле татко, парите им испаднале додека бегале СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(30) и 17 годишен малолетник, двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Кумановец се заканувал со нож на сограѓани на улица „Никола Тесла“ Кумановската полиција поднесе кривична пријва против Г.Д.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.