Исклизнатите вагони кај Черкези денеска ќе бидат отстранети од пругата Во текот на денешниот ден ќе бидат расчистени и подигнати исклизнатите товарни вагони на делот од пругата помеѓу станица Куманово и Романовце, со што ќе се овозможи на ЈП МЖ Инфраструктура да пристапи кон обновување на пругата, информираат од МЖ Транспорт АД-Скопје.
Турски државјанин ограбен на автопатот Табановце – Куманово М.Ш.К.(22) од Република Турција, пријавил дека вчера околу 17 часот, бил ограбен на автопатот Табановце – Куманово.
„Заедно за безбедно лето“ на Градскиот плоштад На Градскиот плоштад во Куманово, денеска во 18 часот, СВР Куманово и Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираат сообраќајно-едукативен натпревар „Заедно за безбедно лето“.
Зголемена потрошувачката на вода - „Водовод“ апелира за рационално и разумно трошење ЈП „Водовод“ од Куманово апелира до граѓаните рационално и разумно да ја трошат водата во текот на летниот период, бидејќи во последните пет дена од почетокот на месецот потрошувачката е зголемена за 15 отсто, во однос на предходниот месец.
Земјоделците да ги избегнуваат далекуводите за време на жетва, апелира МЕПСО МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси.
Саем на книга пред Градската библиотека Пред Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, се одржува саем на книги на издавачката куќа „Антолог“ .
Прекината седницата на Советот поради отсуството на градоначалникот Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, ја прекина денешната седница, поради отсуството на градоначалникот Максим Димитриевски, кога на дневен ред дојде Предлог – Одлуката за избор на најповолна понуда за воспоставување на јавно-приватно партнерство помеѓу јавен и приватен партнер, заради модернизација и одржување на системот на јавно осветлување во Општина Куманово.
Општината ја повлече одлуката за купување на нови возила На денешната седница на Советот на Општина Куманово, беше тргната од дневен ред точката за купување на нови возила за потребите на општинската администација.
Финишира проектот „Традицијата низ слики“ При крај е реализацијата на проектот „Традицијата низ слики“, кој го имплементира здружението на жени „Коло на српските сестри од Куманово“, во соработка со здруженијата „Мајка“, Сирма и Куманово-виор.
Од денеска почна електронската наплата на патарините Стартуваше електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец.
Кумановец ја истепал сопругата, а се заканувал и на нејзиниот татко Кумановската полиција поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Дваесет и деветa седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, со 9 точки на дневен ред.
Преоптовареност на вагоните една од причините за превртување на возот Преоптовареност на вагоните е една од причините за излетувањето од шините на товарниот воз во селото Черкези.
Ќе се реконструира железничкиот мост во Перо Чичо, од утре посебен сообраќаен режим Од утре започнува реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник на ул.Ѓорче Петров, населбата Перо Чичо, како дел од проектот за изградба на Железничкиот коридор 8.
Голема матерјална штета предизвика излизгувањето на товарниот воз Причинета е голема материјална штета од излизгувањето на вагоните од товарниот воз кој сообраќал на релација Скопје – Куманово, информира „Македонски железници – Инфраструктура“.
Од Вашингтон до Трамп - изложени графики на сите претседатели на САД во Куманово По повод одбележувањето на 500 години Куманово, а во чест на големиот празник на американскиот народ 4 јули, синоќа во Занатскиот дом во Куманово, беше отворена изложбата на графики од ликовниот уметник Борче Тодоровски од Прилеп, насловена „Портрети на американските претседатели“.