Се зголемува бројот на домаќинста приклучени на гас во Куманово Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираше директорот на претпријатието, Никола Денковски.
Реконструиран патниот премин кај селото Лопате Целосно е реконструиран патниот премин на регионалниот пат Куманово – Опае – Липково кај селото Лопате, кој поради значителната оштетеност беше сериозен проблем за поминување на патничките возила.
Унгарски слаткари со Добош торта и Жербо коцки во гастро дипломатија во Куманово Пред повеќе од еден век унгарските новинари пишувале дека најубавите европски колачи, торти, сладоледи и бомбони не се прават во Париз, Милано, Берлин или Лондон, туку во Будимпешта. И денеска Унгарците се горди на своето слаткарство, затоа што и по 100 години по истите рецепти се готват најпознатите слатки во Будимпешта.
Кумановец со мотор излетал од патот, итно пренесен на скопските клиники Едно лице е потешко повредено откако паднало од мотоцикл.
Олуците и одводните цевки да не се приклучуваат на фекалната канализација, бараат надлежните Граѓаните да не ја приклучуваат дождовницата од крововите и дворните места на фекалната канализациона мрежа, бидејќи таа е најчеста причини за излевање на водата и поплавување на внатрешноста на куќите и зградите.
Најмногу дожд наврна во Куманово Дури 39 литри на метар квадратен дожд наврна вчера во невремето што го зафати Куманово.
Дваесет и осма седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово, утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се педесет точки.
Поплавени куќи, подруми и улици од поројниот дожд, утре ќе заседава Општинскиот штаб Поради големите количини на вода кои наврнаа попладнево и проблемите со атмосферската канализација, поплавени се повеќе куќи и подруми во Куманово.
Нa Дедо Љубе нема да му се суди за убиство, во самоодбрана ги застрелал двајцата разбојници Љубомир Митев (79) од кратовското село Којково, кој пред шест години смртно застрела двајца разбојници кои беа провалиле во неговиот дом и го малтретирале него и сопругата, нема да одговара за кривично дело убиство, одлучи Основното обвинителство Куманово. Митев едниот од разбојниците го усмрти, а другиот го рани, кога тие упаднале во неговата куќа за да го ограбат.
Невреме со пороен дожд го зафати Куманово Пороен дожд, проследен со електрични празнења поладнево го зафати Куманово.
Малолетници затекнати во дискотека по полноќ Тројца малолетни лица биле затекнати во кумановска дискотека по полноќ, објави полицијата.
Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка Едно лице потешко, а пет полесно се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Почнуваат уписите во средните училишта Во четирите средни училишта во Куманово, за учебна 2019/20 година слободни се 2.584 места, за упис на ученици во прва година.
„Mерцедес” излетал од улицата и удрил во жардињера, двајца повредени Две лица се повредени вчера попладне во 17.20 часот на бул.„ Трета МУБ“ во Куманово, кога патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера.
Од вторник ќе биде затворен за сообраќај регионалниот пат Куманово – Опае Од 18 до 21 јуни ќе биде затворен за сообраќај регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, информираат од АМСМ.
Куманово меѓу општините опфатени со пробниот попис Куманово е една од 13 општините што е опфатена со пробниот попис на населението, домаќинствата и становите.