Мени

Аца Лукас со главна улога во филмот на Брега

19.11.2012 11:22 | KumanovoNews

Горан Бреговиќ го заврши сценариото за неговото првенче, мјузиклот „Кармен со среќен крај“, со кој ќе се претстави на SFF на 16-ти август следната година.

Аца Лукас со главна улога во филмот на Брега

Како што дознава срски Свет, главната улога во овој филм ќе ја има српскиот пејач Аца Лукас, а улогата на режисер Брега ќе му ја додели на еден од босанските режисери Данис Тановиќ, Адемир Кеновиќ или Ахмед Имамовиќ.

Според сценариото, приказната се случува во Сараево, а филмот е замислен како „лажен документарец“ кој според природата на самата приказна се сели во театар и станува опера. Јазикот на кој ќе се говори ќе биде „сараевски“ и германски, а музиката во филмот е нова и нема никаква врска со операта „Кармен“ од Жорж Бизе, туку е создадена според новата ромска музика каква што се свири денеска меѓу ромите во Европа.