Мени

Адел ќе ја пее и следната Бонд-песна

05.03.2013 08:29 | KumanovoNews

Британската пејачка Адел ќе ја пее насловната тема и за следниот филм за Џејмс Бонд, пренесуваат медиумите.

Адел ќе ја пее и следната Бонд-песна

По успехот што го доживеа песната Skyfall од последното Бонд-остварување „Небесен пад“, продуцентите на филмскиот серијал сакаат поп-ѕвездата да стане синоним за филмовите за агентот 007, слично како Ширли Беси, која ги испеа славните Бонд-хитови Diamonds Are Forever, Moonraker и Goldfinger.

Продуцентите се одушевени од приемот на кој наиде Skyfall и се надеваат дека присуството на Адел во следниот филм ќе придонесе тој успех да се повтори – изјави неименуван извор за таблоидот „Сан“.

Нумерата Skyfall го освои „Оскарот“ за најдобра оригинална песна на овогодишното доделување на филмските награди, а се закити и со „Златен глобус“ и со признание од Британските музички награди за најдобар британски сингл.