Мени

Александар Белов претстави нова песна

24.05.2013 08:05 | KumanovoNews

Александар Белов во изминатите неколку месеци беше учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“ на МРТ, каде што со неговата партнерка Марина Овезовска успеаја да стигнат до третото место, на второто останаа Марјана Станојковска со нејзиниот партнер Илија Карадакоски, а победници во првата сезона од ова шоу се кајакарот Атанас Николовски и неговата партнерка Јована Василева.

Александар Белов претстави нова песна

Во финалната вечер која беше пренесувана во живо во неделата вечер, Белов гостувањето го искористи и за премиерно да ја претстави својата нова песна насловена „Кажи дека не ми припаѓаш“. Музиката за оваа песна ја потпишува хрватската пејачка Антонија Шола, текстот го напиша Огнен Неделковски, а аранжманот го направи Дарко Тасев, а премиерната изведба можете да ја погледнете горе.