Мени

Алиса во земјата на чудата ќе добие продолжение

12.12.2012 08:50 | KumanovoNews

Остварувањето на Тим Бартон од 2010, Алиса во Земјата на чудата, кое заработи повеќе од милијарда долари во кино салите низ светот, ќе добие продолжение.

Алиса во земјата на чудата ќе добие продолжение

Студиото Дизни ја најми Линда Вулвертон да го напише сценариото за вториот дел, за кој претпоставуваме пак ќе црпи инспирација од делата на писателот Луис Керол.

Приказната на која ќе се фокусира продолжението сеуште не е позната, но се шпекулира дека ќе биде базирана на Through the Looking Glass, книга напишана како продолжение на Ализа во Земјата на чудата.

Засега, не се знае дали Тим Бартон е заинтересиран за режирање на уште еден дел на Алиса во Земјата на чудата. Исто така, сеуште нема никакви информации дали Џони Деп ќе го видиме пак во улогата на Лудиот Шапкар. Филмот најверојатно ќе се појави во кино салите во 2015 година.