Мени

Бред Пит ќе се обиде како режисер, ќе снима во Србија

18.10.2012 07:30 | KumanovoNews

Холивудскиот актер Бред Пит ќе тргне по стапките на својата партнерка Анџелина Џоли и ќе се обиде како режисер.

Бред Пит ќе се обиде како режисер, ќе снима во Србија

Наводно, Србија е една од локациите каде ќе се снима неговиот филм.

Претставниците на познатиот актер веќе биле во Србија заради разгледување  на условите за соработка, објави „Блиц“. Меѓутоа, официјални информации за проектот на Пит нема.

Наводно, неговата желба е филмот да биде снимен во Србија, а како втора локација ја избрал Италија.

За потсетување, неговата партнерка Анџелина Џоли филмот „Во земјата на крв и мед“ ги снимаше во БиХ и во Унгарија.