Мени

Даутовски одржа концерт за манастирот Трескавец

22.03.2013 10:15 | KumanovoNews

Македонскиот виртуоз на народни инструменти Драган Даутовски синоќа одржа хуманитарен концерт во Домот на културата „Марко Цепенков" во Прилеп, од кој приходот е наменет за обнова на манастирот Трескавец.

Даутовски одржа концерт за манастирот Трескавец

Според присутните Даутовски одржа вистински спектакл. Дел од целовечерниот концерт Даутовски свиреше и на окарина, инструмент стар 6.000 години .

Центарот „Марко Цепенков“ продолжува со организирање манифестации за помош на опожарениот манастир. Вечерва ќе се одржи и аукција на слики на уметниците Кирил Гегоски, Илија Миноски, Христина Зафировска, Новица Трајковски, Валентина Стефановска, Гоце Трајковски, Ристо Мијаковски, Јасминка Новковска, Наталија Пулевска Радевска, Татјана Неданова...