Мени

Дејвид Бекам станува актер

04.08.2013 09:09 | KumanovoNews

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам би можел да заплови во филмските води.

Дејвид Бекам станува актер

Имено, откако снимил неколку реклами, Бекам размислува да прифати улога во филмот „Тајна служба“. Како што пренеле медиумите, фудбалерот бил на чекор од потпишување на договор.

Извор за британските таблоиди рекол дека Бекам сакал филмови и голема желба му била да се појави на филмското платно, но глумата не ја гледал како кариера туку како еднократна опција.

Неговата поубава половина, сопругата Викторија, исто така не би имала ништо против да се појави во филмот.