Мени

Евровизискиот спот на Есма и Лозано

29.04.2013 08:47 | KumanovoNews

Објавен е официјалниот спот за евровизиската песна „Пред да се раздени“ на кралицата на ромската музика Есма и младиот Влатко Лозановски.

Евровизискиот спот на Есма и Лозано

Спотот кој пред два дена е ставен на музичкиот канал Ју Тјуб веќе е прегледан над 25.000 пати, а има многу позитивни коментари, посебно за англиската верзија.

По целиот скандал со изборот за песна која ќе не претставува во Малме, ни останува само да им посакаме среќа на 14 мај.