Мени

„Гугл“ казнет со 145 илјади евра за собирање лични податоци во Германија

23.04.2013 08:16 | KumanovoNews

Германските власти парично го казнија интернет гигантот „Гугл“ со 145 илјади евра за собирање на голема количина лични податоци од безжични мрежи преку камери поставени на превозни средства, со кои ја извршува својата услуга за набљудување на улиците, јави ДПА.

„Гугл“ казнет со 145 илјади евра за собирање лични податоци во Германија

Службата за заштита на личните податоци во северниот град Хамбург одреди парична казна за нарушување во периодот од 2008 до 2010 година, кога „Гугл“ ја подготвувал услугата.

Според службата тоа е еден од најсериозните досега откриени случаи на нарушување на одредбите за заштита на лични податоци.

Собраните податоци биле од најразличен вид - електронска пошта, фотографии, архиви на разговори на интернет.

„Гугл“ нагласи дека презел мерки за отстранување на проблемите, поврзани со неговата услуга за набљудување на улиците.