„Хобит“ во клубот милијардерски филмови
05.03.2013 08:33
| KumanovoNews
Филмското остварување на Питер Џексон заработи повеќе од милијарда долари на бокс офисот. Таков успех доживеале само 15 филма во целата историја.
Според Box Office Mojo, „The Hobbit“ заработил 301.134.992 долари на домашна територија и 700 милиони долари во кината ширум светот.
Само за време на првиот викенд на прикажување заработил рекордни 84,6 милиони долари, а милијардата ја стигна по само 77 дена.
„The Hobbit“ веројатно ќе се искачи уште повисоко на листата на филмови со најголема заработувачка бидејќи пред него се „The Dark Knight“ и „Alice in Wonderland“ кои се прилично постари филмови, додека „Hobit“ допрва ќе се прикажува во Кина.
Првото место на листата го има „Avatar“ со заработка од 2,78 милијарди долари.

