Индијана Џонс по петти пат
07.08.2013 05:28
| KumanovoNews
Харисон Форд изјавил дека би било „баш соодветно“ да се врати како Индијана Џонс. Па што ако има 71 година.
Го гледавме ликот како се развива и расте во долг период и сосема е соодветно и во ред да се врати во нов филм каде што нема да биде опасен како порано-изјавил Форд.
За мене, интересното кај ликот беше дека е издржлив, има храброст, досетлив е и многу интелигентен, исплашен но сепак успеа да преживее. Тоа можам да го изглумам-додаде актерот.
Уште едно продолжение на Индијана Џонс би било многу исплатливо во финансиска смисла: претходната авантура „Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“ од 2008-ма година заработила скоро 800 милиони долари.

