Мени

Изберени мис и мистер на средношколци

13.05.2013 12:22 | KumanovoNews

Првата приватна високообразовна установа Еуро Колеџ, овој викенд во кафе барот "Галерија", организираше избор на мис и мистер на средните училишта.

Изберени мис и мистер на средношколци

 Престижната титула мистер ја освои Никола Трајковски, а за мис беше прогласен Ивана Стојилковска. Прва придружничка е Драгана Љубевска, а втора придружничка Данијела Стојмановска.

Во конкуренција за престижната титула се најдоа тринаесет средношколки и средношколци од градот, кои се пријавија на натпреварувањето.

Изборот на мис-мистер средношколец го организираше  Студенстката унија на Еуро Колеџ по втор пат. На победниците Еуро колеџ им обезбедува стипендии за бесплатно студирање.

Манифестацијата ја помогнаа повеќе спонзори.