Мени

Jапонска турбо бабичка руши рекорди

12.08.2013 07:42 | KumanovoNews

Минатиот месец  јапонската турбо бабичка, Митсу Морита го урна рекордот за нејзни години во Јапонија и сега цели за урнување на светскиот рекорд.

Jапонска турбо бабичка руши рекорди

Победничката трка се одржа на 28 јули на стадионот Кагошима Алетик. Во категоријата на 90-годшници за жени на 100 метри, Митсу Морита од градот Јатсуширо од префектурата Кумамото го урна претходниот рекорд од 50,9 секунди и постави нов со неверојатни 23,8 секунди.

Митсу се наоѓа во одлична физичка состојба и се чини дека нејзе не и недостига одлучност и натпреварувачки дух. По победата таа изјави „ моја следна цел е да го срушам светскиот  рекорд“

Но, Митсу веќе има срушено еден светски рекорд во 2003 година во трчање на 200 метри во категоријата жени од 80  до 84 години со време од 40,78 секунди.