Мени

Кајли Миног со нов спот

26.09.2012 10:48 | KumanovoNews

Кајли Миног го објави новото музичко видео за песната „Flower“, која ќе биде водечки сингл на нејзиниот претстоен албум „The Abbey Road Sessions“.

Кајли Миног со нов спот

Миног им овозможи на фановите бесплатно да ја симнат нејзината нова песна ако преку iTunes и да го нарачаат нејзиниот албум пред официјално да биде пуштен во продажба.

„Flower“ досега се нема најдено на ниту еден од претходните албуми на Миног, но пејачката ја изведе песната за време на нејзината „X“ светска турнеа.

Во меѓувреме, новиот албум на Миног ќе содржи 16 преработки, вклучувајќи и нови верзии на „Can't Get You Out of My Head“, „Slow“ и „Come Into My World“.

Албумот, со кој треба да се обележи 25 годишната музичка кариера на австралиската пејачка во продажба ќе се најде на 29-ти октомври.