Кајли се повлекува од сцената
16.01.2013 09:46
| KumanovoNews
Познатата пејачка Кајли Миног ќе престане да се занимва со музика за да има доволно време да се посвети на филмската кариера, пишува NME.
Според пишувањето на списанието, Кајли го отпуштила својот долгогодишен менаџер кој ѝ помогна да постигне богата музичка кариера.
Кајли смета дека во светот на музиката го постигна сето она што можеше и дека е време актерството да биде нејзина главна занимација, вели извор близок до пејачката.
Пејачката се прослави со улогата во „Neighbours“ покрај Џејсон Донован во периодот меѓу 1986 и 1989, а исто така имаше улоги и во „The Delinquents“, „Street Fighter“, а во филмот„ Jack and Diane“ има прилично жешки сцени.

