Мени

Каролина ќе одржи концерт пред Нова година

18.09.2012 11:01 | KumanovoNews

 Каролина Гочева на 22 декември ќе одржи анплагд концерт во Универзална сала.

Каролина ќе одржи концерт пред Нова година

Поп пејачката ќе ја придржува бенд и за прв во кариерата таа ќе се претстави во акустична варијанта. На предновогодишниот концерт Каролина ќе се претстави со новиот компилациски албум, нов сингл и видеоспот за кој деталите ќе бидат објавени на 22 месецов.

Последниот концерт битолчанката го имаше во мај лани во спортската сала Борис Трајковскии, а гости и беа Тавитјан брадрс, Владо Јаневски и Беј д фиш.