Мени

„Ла Колони Волво“ со нов спот

29.03.2013 10:36 | KumanovoNews

 Песната „Фин Амор“ од групата „Ла Колони Волво“ , која излезе во септември минатата година, доби спот.

„Ла Колони Волво“ со нов спот

Спотот е дело на Дарко Антоновски. Објавен е на интернет, а ќе се промовира во емисијата „Еден на Еден“ на ТВ Алфа на 4 април. Песната „Фин Амор е прва во албумот „АЕИОУ“. Композицијата е на Сашо Гигов- Гиш и Предраг Икономовски. Стиховите во песната се дел од  поемата „Ескотаз (Послушајте)“ на трубадурскиот поет Маркабру од 12 век, на окситански јазик.

Песните  кои што се наоѓаат на албумот се испеани на 8 јазици. Со овој спот групата најавува концерт во Скопје во средината на април.