Мени

Магичен замрзнат свет во Кина

08.01.2013 09:37 | KumanovoNews

Во северно-источниот кинески град Харбин започна величествен зимски карневал. Овој фестивал на снежни фигури трае цел месец и е еден од најдолгите во светот.

Магичен замрзнат свет во Кина

Најголемата снежна скулптура е 120 метри висока, додека „Кристалниот замок“ - скулптура издлабена во мраз е проект кој е завршен во декември и има кули високи до 48 метри. Вистинско ремек дело кое лесно ве вовлекува во зимската магија.

И покрај екстремно ниските температури од дури -26 степени огромната површина со осветлени замоци и ликови од бајаките  мами милиони посетители. Минатата година околу 30 милиони луѓе дошле во североисточна Кина за да го видат ова чудо.

Фестивалот ќе трае до крајот на фебруари и сите оние кои сакаат навстината да бидат дел од оваа вошлебна бајка имаат можност дури и да се венчаат овде.