Мајк Тајсон на работ на смртта
26.08.2013 07:25
| KumanovoNews
Поранешниот светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон призна
денеска дека се наоѓа на работ на смртта поради постојаните проблеми со
алкохолот и дрогата.
Не сакам да умрам, иако се наоѓам на работ на смртта. Веќе шест дена не сум пиел алкохол, ниту сум конзумирал дрога, што за мене е вистинско чудо. Сакам да го променам сопствениот живот и да бидам чист, изјави Тајсон на прес-конференција.
Еден од најдобрите боксери на сите времиња призна дека ги лажел сите околу себе дека е трезен и оти три пати бил на рехабилитација.
Тајсон за време на кариерата оствари 50 победи, од кои во 44 ги нокаутираше противниците и претрпе шест порази.
Постојано имаше проблеми со законот, а во 1991 година мина три во затвор поради силување на 18-годишната Дезир Вошингтон.
Тој ќе остане запаметен и по неверојатната постапка, кога во 1997 година му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.

