Мени

Мис Америка е најубавата жена на Универзумот

20.12.2012 09:35 | KumanovoNews

Оливија Кулпо, 20 -годишна студентка од Бостон синоќа е избрана за Мис на Универзумот на големото финале оддржано во „Планет Холивуд“ во Лас Вегас.

Мис Америка е најубавата жена на Универзумот

Во конкуренција на 88 убавици од сите земјите во светот, титулата за убавица ја понесе Оливија Кулпо и така САД ја врати круната на Мис Универзум после повеќе од една деценија пауза.

Како што и налага традицијата на овие натпреварувања, Оливија беше и повеќе од изненадена кога разбра дека жирито ја избра токму неа во следната година да ја носи лентата за најубава жена во Универзумот, па и заплакала.

Симпатичната Американка која за себе во претставувањето рече дека е „бубалица“ опседната со свирење на виолончело, имаше и мал бакзус, и на сцената се препна од свечениот фустан, но судиите тоа не и го забележаа.

Ден пред големото финале, жирито веќе го состави списокот на 16 најубави девојки, а обложувалниците големи шанси им даваа на претставничките на Јужна Африка и Еквадор, но тие не се најдоа ни меѓу првите три.

За прва придружничка избрана е мис Филипини, Џенин Тугонон, додека втора придружничка е мис Венецуела, Ирене Софија Есер Кинтеро.