Мени

Мобилниот телефон наполни 40 години

03.04.2013 13:15 | KumanovoNews

 На денешен ден е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон

Мобилниот телефон наполни 40 години

Мобилниот телефон прв го употребил Мартин Купен. Тој на 3 Април 1973 година, во време кога беше генерален менаџер на одделот на „Моторола“, за комуникациски системи, го направи својот прв јавен повик на мобилен телефон. Неговиот телефон тежел 1,1 килограм и сите го нарекувале „цигла“.

Денеска живееме во такво време,што не би можеле ниту еден ден да замислиме без мобилен телефон.

Според граѓаните на Куманово,телефонот претставува потреба, а не луксуз.

„Имам два мобилни телефони, од кои едниот го користам за разговори со синот, со сопругот тие ми се во круг и ми е бесплатно со нив, а едниот за пријателите и за роднините. Според мене телефонот е потреба. Денеска не се палќа многу, се зависи од тоа колку ќе разговараш.“-вели една кумановка.

„ Постојано го користам мобилниот телефон, и тоа исклучиво за некоја потреба, а не за луксузни разговори“-тврди друга.

„Користам мобилен телефон и не сум зависник од него. Ми служи за да се слушнам со најблиските, со децата. Исто така го користам и за пишување на пораки на роднините кои се во странство. Телефонот за мене е потреб а„.- категоричен е нашиот последен соговорник.