Мени

Надица Димковска стана и Мис Нова година

04.01.2013 11:14 | KumanovoNews

Очигледно 2012 беше добра година за убавицата Надица Димковска, а и годинава и започна со успех.

Надица Димковска стана и Мис Нова година

Откако ја освои титулата Мис фотогеничност на мис фридом, Надица е победничка и на изборот на Балканскиот мис на Нова година 2013.

Настанот се одржа во прполната сала на хотел- ресторанот „Томче Софка“ во организација на агенцијата Кворум моделс, а на изборот се претставија 12 девојки од неколку држави од Балканот.

Со круна си замина Надица Димковска од Скопје, прва придружничка е Тамара Ѓучиќ, а втора Анѓела Марковиќ, и двете од Црна Гора.

Водителка на изборот беше Елена Вукановска, а во паузите настапија Дарко Илиевски и Зои Блаж. За победничките одлучуваше жири комисија составена од седум члена, предводена од фотографот Аверел.

Победничката Надица Димковка има 17 години и член е на Модното студио Црнокар