Мени

Наоми Кембел ограбена во Париз

04.01.2013 11:09 | KumanovoNews

Топ моделот Наоми Кембел била нападната и ограбена во Париз. Како што јавуваат британските медиуми, инцидентот се случил додека таа се обидувала да фати такси.

Наоми Кембел ограбена во Париз

Во нападот од група разбојници, заработила истегнување на тетивата. Веднаш потоа таа го пријавила инцидентот во полиција, но на крадците им нема трага.

Наоми верува дека напаѓачите ја следеле и чекале момент кога таа ќе остане сама. Била жестоко турната на земја пришто ја повредила ногата. Многу е вознемирена – изјавил нејзин близок пријател за „Њујорк Пост“.

Вознемирената Наоми ја напуштила француската метропола и се вратила во Мајами, каде следниот месец треба да стартува новото телевизиско шоу.