Наскоро нов постхумен албум на Тоше
24.12.2013 09:26
| KumanovoNews
На огромна желба на фановите на прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески ќе имаме можност по втор пар да уживаме во новиот необјавен албум.
По шест години од неговата смрт, наскоро ќе биде објавен и неговиот втор постхумен албум на кој ќе се најдат вкупно шест необјавени композиции.
Завршени се три од шестте необјавени песни на Проески. Се што пронајдовме по светот ќе биде објавено во неговиот втор посхумен албум. Луѓето кои ја слушаат демо верзијата на песните се воодушевени и веруваме дека публиката со полно срце ќе ги прифати и останатите песни. Болката за Тоше е голема па оттаму доаѓа и инспирацијата да работиме на неговите песни-изјави зетот Ристески.

