Мени

Нова книга на Џамбазов

10.04.2013 08:55 | KumanovoNews

Македонскиот најзабавен шоумен Игор Џамбазов го издаде својот нов роман со наслов „Приказни од Мјаукедонија– исповед на една провинцијалка“.

Нова книга на Џамбазов

Овој роман е различен и многу необичен бидејќи е напишан како исповед на Емилија Џамбазова-Бавчанска, талентираната мачка.

Ова е трета книга на Игор Џамбазов, во првата „Гол човек”, каде што проговори за сопствениот контроверзен живот, проблемите со коцкањето, разделбата со Искра, и втората „Прирачник за антиантиалкохоличари”.

Читателите можат да ја купат на штандот на ТРИ на саемот за книгата, да се дружат со авторот и да добијат автограм.