Мени

Пејачите договараат ангажмани за Нова година

11.12.2012 17:42 | KumanovoNews

Дел од македонските музички ѕвезди сеуште не знаат каде ќе настапуваат за Нова година.

Пејачите договараат ангажмани за Нова година

Каролина Гочева ќе ја помине работно најлудата ноќ. За загревање публиката ќе се забавува на нејзиниот предновогодишен акустичен концерт на 22 декември во Универзална сала, а потоа во игра се неколку опции, но сеуште не е прецизирано, освен што се работи за настап во Македонија.

Меѓу пејачите кои ќе не забавуваат на централната новогодишна прослава на плоштадот Македонија е Тамара Тодевска, која по центарот на Скопје заминува во населбата Кисела Вода, каде што исто така ќе има организиран дочек.

„Суперхикс“ ќе бидат на плоштадот „Методија Андонов- Ченто“ во Прилеп, а пред нив ќе настапи фолк пејачката Белинда. Дел од дневната шема во Прилеп ќе биде дуото ДНК и рок составот „Хаундс“.

На еден од градските плоштади во земјава ќе настапува и Влатко Лозановски-Лозано. Настапот се' уште не е потврден, а неофицијално се работи за Битола, место каде што се споменува и името на Владо Јаневски. Александар Белов ќе пее во „Принцес казино“ во Гевгелија.