Мени

Пеперминт со нов албум „Ама Ако“

16.02.2013 10:07 | KumanovoNews

Бендот Пеперминт за оваа промоција подготвува и посебен акустичен сет.

Пеперминт со нов албум „Ама Ако“

Албумот содржи 11 композиции и е надополнет со четири бонус песни.  Сите песни се снимени во „Пеперминт продукција“, а зад музиката, текстот и аранжманот се потпишува Горан Трифуновски – Пајак.

Покрај Горан Трифуновски (вокал и гитара), во составот на „Пеперминт“ се: Златко Доневски – Боззо (тапани и вокали), Јане Тодоровски – Фанк (бас и вокали) и Ана Трифуновски (шејкери и вокали).

На албумот како гости се појавуваат: Маријан Петровски, Кацар, Иван Душков, Игор Николовски – Гац, Сотир Ивановски – Тир, Весна Левајковиќ, Филип Вирановски.

„Пеперминт“ официјално постои шест години. Неодамна го објави новиот видео-спот за песната „Твоето куче“. Лани нивниот сингл „Ако“ ги освои највисоките места на македонските музички топ листи.