Мени

Питер Џексон го заврши „Хобит“

31.07.2013 06:51 | KumanovoNews

Режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон, откако мина 15 години на Нов Зеланд екранизирајќи ги романите на Ј.Р. Толкин, го заврши снимањето на последниот филм-трилогија „Хобит“

Питер Џексон го заврши „Хобит“

Навечер, 22.32 часот. Четири или пет обиди досега... Не, чекајте! Готово е! Додека го пишував ова, го завршивме снимањето - напиша Џексон на својот профил на Фејсбук.

Добитникот на „оскар“ знае добро да ги користи социјалните мрежи за самопромоција, па редовно објавува видеодневник и фотографии од зад камерите.

Неговите видеоснимки обично привлекуваат по 500.000 гледачи, а фотографиите собираат неколку илјади лајка. Заработката од над милијарда долари на филмот „Хобит: неочекувано патување“ се чини докажува оти Џексон стана вистински мајстор за промоција преку интернет-медиумите. Тој континуирано објавуваше новости сѐ додека, заедно со својата екипа, не го заврши снимањето на последната адаптација на Толкин.