Мени

Роберт Дауни-најплатен актер на светот

18.07.2013 06:49 | KumanovoNews

Роберт Дауни Џуниор го предводи овогодишниот попис на најплатени холивудски актери пред Ченинг Тејтум и Хју Џекман, објавил „Форбс“.

Роберт Дауни-најплатен актер на светот

Дауни, ѕвездата на филмските хитови „Iron Man 3“ и „The Avengers“ од кои секој на кино благајните донесе повеќе од милијарда долари, заработил во изминатава година 75 милиони долари.

Тајтум заработил 60 милиони долари, додека австралискиот актер Џекман е трет со заработени 55 милиони долари.

Следуваат Марк Валберг, Двејн Џонсон, Адам Сандлер, Дензел Вашингтон, и Том Круз, за кого овогодинешното осмо место е голем пад во однос на минатогодишното прво.

„Форбс“ го составува пописот проценувајќи ја заработувачката врз основа на јавно достапни податоци, како и со разговори со менаџери, продуценти и со застапници на актерите.